Голд Фелициа ја претстави својата програма за стипендирање на Саемот на кариера на ФИКТ
Денес на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) во Битола се одржа Саем на кариера чија цел беше зацврстување на соработката помеѓу трите клучни столба академијата, бизнис заедницата и студентите кои имаат пиедестално место во рамките на самиот факултет.
На саемот учество зедоа над 20 компании кои ги претставија можностите за практиканство, вработување и стипендирање кои ги нудат за студентите и дипломците.
Саемот беше искористен и како отворен ден за матурантите од средните училишта од Битола и регионот со што факултетот ги претстави своите програми и својот простор за едукација на идните студенти.
Голд Фелициа компанија која е дел од КС Групацијата зеде учество на овој Саем на кариера со свој штанд. Голд Фелициа го искористе своето присуство на саемот за да ја претстави својата програма за стипендирање и можностите за практиканство и вработување. На штандот презентери беа вработени од ИТ секторот на дирекцијата на КС Групација кои се дипломци од ФИКТ како и претставници од секторите маркетинг и човечки ресурси.
Голд Фелициа ги повикува сите студенти без разлика на студиската година во која се запишани да ја разгледаат нивната програма за стипендирање и да аплицираат за стипендии со кои ќе добијат можност за идно вработување во самата компанија.
Нашата компанија ќе продолжи со својата општествено одговорна мисија во насока на помагање на средношколците и студентите на патот кон нивно професионално усовршување и полесно вработување.