Градење на посветла иднина- Компанијата Агроброд со поддршка за образованието
Компанијата Агроброд како значаен член на КС Групацијата првзема нови чекори кон унапредување на образованието и негување на симбиотски однос помеѓу корпоративниот сектор и образовната заедница со потпишување на меморандум на соработка помеѓу генералниот директор Илија Илијевски и директорот на СОУ “ Јане Сандански“ Александар Цветкоски.
Овој договор ја одразува силната посветеност на компанијата за општествена одговорност и поддршката на образованието. Истовремено ја поставува основата за ова динамично партнерство фокусирано на промовирање можности за стипендирање и збогатување на образовното патување на учениците од средното економско училиште од Битола.
Соработката предвидува мноштво иницијативи од кои директна корист ќе имаат средношколците. Агроброд ќе понуди стипендии на заслужни ученици, овозможувајќи им непречено да ги остваруваат своите образовни цели. Дополнително, соработката ќе им обезбеди на учениците вредни искуства од реалниот свет преку програмата “Учење преку работа” и можност за обавување на феријална пракса во рамките на компанијата, обезбедувајќи им практични сознанија и вештини клучни за успех во нивните идни кариери.