Нов меморандум за соработка на КС Групација
Компанијата 77 Софт која е дел од КС Групацијата денес склучи меморандум за соработка со СОУ “Крсте Петков Мисирков” од Демир Хисар. Потписници на меморандумот беа управителот на компанијата 77 Софт господинот Александар Анастасовски и директорката на СОУ “Крсте Петков Мисирков” госпоѓата Маја Лозановска. Меморандумот вклучува меѓусебна соработка во доменот на практичната настава, феријалната пракса и стипендирањето на талентирани ученици.
Овој меморандум е само еден од низата на меморандуми кои во изминативе 2 месеци ги има склучено КС Групацијата со образовни институции, а се со цел да се поддржат средношколците и студентите на нивниот пат кон поквалитетно и подобро образование. КС Групацијата како збир на општествено одговорни компании преку својата програма за стипендирање сака да им биде ветер во грб на средношколците и студентите при што му обезбедува 10 месечна стипендија и 2 месеци платена пракса која се одвива во канцелариите во Битола со што обезбедува стипендирање во текот на цела календарска година.