Промоција на програмата за стипендирање на студенти на КС групација на правниот факултет - Битола
На 9 октомври 2024 година, претставници на КС Групацијата, вклучувајќи ја Елена Трајчевска раководител на секторот маркетинг, Томислав Дивјакоски – раководител на правниот сектор и Марија Бошевска – специјалист за човечки ресурси и координатор на програмата за стипендирање на студенти и средношколци, ја презентираа програмата за стипендирање пред студентите на Правниот Факултет во Битола.
Оваа програма претставува клучна можност за младите студенти и средношколци да добијат финансиска помош за нивното образование, практично искуство и можност за вработување после завршувањето на студиите. Програмата за стипендирање и практиканство на КС Групацијата нуди уникатни придобивки, меѓу кои финансиска помош која ги покрива трошоците за школување, можност за учество во практикантски програми во рамките на Групацијата, како и шанса за развивање на практични вештини преку работа во различни сектори на компанијата.
КС Групацијата со оваа иницијатива покажува висока општествена одговорност и искрена посветеност кон поддршка на образованието и развојот на младите луѓе. Компанијата не само што вложува во професионалниот раст на своите вработени, туку и активно работи на создавање на можности за младите генерации да се едуцираат и да напредуваат. Преку вакви иницијативи, КС Групацијата покажува дека е не само економски, туку и општествено одговорна компанија која активно придонесува за развојот на заедницата.