Средношколска програма за стипендија
концепт
“Учење преку работа”
“Учење преку работа” е новиот концепт за пристап до стипендии на средношколците, ублажувајќи ги нивните финансиските бариери, возможувајќи им да се фокусираат на нивното образование.
Ние се грижиме за вас
Наоѓањето стипендии не треба да биде тешко. Ние го правиме тоа едноставно и ве усогласуваме со стипендиите за кои квалификувате.
Парични надоместоци
Преку средношколската стипендија се доделува надоместок на заслужни ученици, овозможувајќи им непречено да ги остваруваат своите образовни цели.
Повеќе информации околу стипендиите!
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ
КС Групација и средните училишта
Голд Фелициа
ДOУ “Таки Даскало” Битола
Партнерството помеѓу Голд Фелициа и ДOУ “Таки Даскало” е пример за заедничка посветеност за негување таленти и придонесува за развојот на идните лидери во угостителскиот сектор.
77битс
СОТУ “Ѓорѓи Наумов” Битола
Ова партнерството ќе им обезбеди на заслужните ученици од СОТУ “Ѓорѓи Наумов” од Битола пристап до стипендии, ублажувајќи ги финансиските бариери, овозможувајќи им да се фокусираат на нивното образование.
Агроброд
СОУ “ Јане Сандански“ Битола
Компанијата Агроброд како значаен член на КС Групацијата првзема нови чекори кон унапредување на образованието и негување на симбиотски однос помеѓу корпоративниот сектор и образовната заедница со потпишување на меморандум на соработка помеѓу генералниот директор Илија Илијевски и директорот на СОУ “ Јане Сандански“ Александар Цветкоски.
I.
Услови за доделување стипендија
- Да се редовни ученици
- Да не повторувале година во текот на школувањето
II.
Критериуми за доделување на стипендиите
- Постигнат успех од минимум мн. добар од претходните години .
- За ученици кои се запишани во прва година, се зема успехот постигнат во текот на основното образование од минимум мн. добар
II.
Критериуми за доделување на стипендиите
- Постигнат успех од минимум мн. добар од претходните години.
- За ученици кои се запишани во прва година, се зема успехот постигнат во текот на основното образование од минимум мн. добар
III.
Потребна документација
- Мотивационо писмо
- Кратка биографија (CV)
IV.
Висина на стипендиите
- Висината на стипендијата изнесува 3000,00 денари за десет месеци во текот на учебната година, и за два месеци во кои ќе посетуваат пракса кај давателот на стипендијата добиваат износ од 6500,00 денари за тие два месеци
IV.
Висина на стипендиите
- Висината на стипендијата изнесува 3000,00 денари за десет месеци во текот на учебната година, и за два месеци во кои ќе посетуваат пракса кај давателот на стипендијата добиваат износ од 6500,00 денари за тие два месеци
VII.
Начин на пријавување
- Вашите податоци (име и презиме на ученикот, назив на училиштето и тековната учебна година во која учи) испратете ги на следниот маил stipendii@klubsport77.mk или во училиштето со назнака – За конкурс за доделување на стипендии во КС Групацијата.