Казината “Голд Слот” ќе стипендираат студенти од Правниот факултет во Битола

Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и “Голд Слот Клуб”, претставуван од раководителот на правниот сектор Томислав Дивјаковски, потпишаа меморандум за соработка. 

-Во рамките на престојната соработка е планирано стипендирање на студенти, како и можности за практикантска работа на студентите од Правниот факултет. Оваа соработка ја нагласува огромната вредност што општествено одговорните компании можат да ја донесат во општеството, особено преку поддршка на образованието и професионалниот развој на идните академски граѓани – стои во соопштението од ПФК Битола.

Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и “Голд Слот Клуб”
Правниот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и “Голд Слот Клуб”