КС Групацијата зеде учество на саемот за вработување,практиканство и стипендии
На 27ми март компанијата Голд Фелициа која е дел од КС Групацијата беше дел од вториот Саем за вработување, практиканство и стипендии кој го организираше Техничкиот факултет од Битола. Саемот се одржа на Техничкиот факултет.
Компанијата Голд Фелициа на саемот ја претстави својата програма за стипендирање на редовни студенти на Универзитетот “Свети Климент Охридски” – Битола која е наменета за сите студенти од бруцоши до апсолвенти и за средношколци.
Нашиот штанд привлече големо внимание меѓу посетителите на саемот кои со внимание го следеа излагањето на нашите вработени од секторите човечки ресурси и маркетинг.
Како дел од програмата на саемот беше и презентирањето на компаниите пред присутните (професори, студенти, средношколци, претставници од бизнис сектор, претставници од невладиниот сектор). Компанијата Голд Фелициа со својата презентација ја претстави својата групација во вистинско светло како општествено одговорна компанија која вложува во своите вработени и која активно вложува во заедницата преку најразлични донации, спонзорства и поддршка на ранливи категории на граѓани, ученици и студенти.
КС Групацијата ја започна програмата за стипендирање минатата година со што започна една нова етапа од својата мисија на опшстествена одговорност каде студентите и средношколците добиваат можност да станат стипендисти, практиканти како и идни вработени на компаниите кои се дел од групацијата.
Голема благодарност до ректорската постава на Универзитетот Климент Охридски од Битола за поканата да бидеме дел од овој Саем за вработување, практиканство и стипендии кој беше одлична можност за поврзување на нашата компанија со студентите, средношколците и компаниите кои беа дел од самиот саем.