КС Групација со свој штанд на Отворениот ден на Укло и пријателите на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид
Во петокот на 10ти мај Голд Фелициа беше дел од Отворениот ден на Укло и Пријателите кој се одржа на Факултетот за Туризам и Угостителство во Охрид. На настанот беа присутни вработени од секторите маркетинг и човечки ресурси од КС Групација како и вработени од комплексот Голд Фелициа. На својот штанд вработените ги претставија можностите за стипендирање, практиканство и вработување во компанијата Голд Фелициа.
Присуството на настанот се искористи за активно да се претстави програмата за стипендирање на КС Групација која е одлична можност за сите студенти од Универзитетот “Св. Климент Охридски” Битола како и за сите средношколци од Битола кои имаат амбиции да го продолжат своето школување на еден од факултетите на Укло. Студентите од Факултетот за Туризам и Угостителство се особено важни за нас како компанија бидејќи токму овој факултет едуцира кадри кои и се потребни на нашата компанија односно на комплексот Голд Фелициа. КС Групација ќе продолжи со промоција на својата програма за стипендирање на средношколци и студенти бидејќи поддршката на младите е една од главните цели на концептот за општествена одговорност на сите компании кои се дел од самата групација.