Студентска програма за стипендија
Поврзете се со нас
Пронајдете која стипендија би одговарала за вас
Во денешниот свет, на студентите не им е лесно. Покрај вртоглавите трошоци за школарина на факултет, значително се зголемија и сумите што студентите ќе треба да ги платат за трошоци како што се домување и превоз.
Многу студенти се борат да ги покријат овие трошоци и да обезбедат дека можат да добијат соодветно образование и да ги извршуваат своите цели во кариерата.
Ние се грижиме за вас
Наоѓањето стипендии не треба да биде тешко. Ние го правиме тоа едноставно и ве усогласуваме со стипендиите за кои квалификувате.
Парични надоместоци
Преку студентската стипендија се доделува надоместок од ... секој семестар на квалификуван студент кој ќе ги следи можностите за образование. Добитниците на стипендијата можат да ги користат овие пари за да платат школарина, домување, други образовни трошоци или трошоци поврзани со транспортот.
Повеќе информации околу стипендиите!
ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ
КС Групација и факултетите
Евротип – спортски обложувалници
Меѓународен славјански универзитет
Во текот на вчерашниот ден на Меѓународниот Славјански универзитет во Битола беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Меѓународниот славјански универзитет и Евротип – спортски обложувалници, компанија која е составен дел од КС Групацијата.
Голд Слот Клуб
Правен факултет во Битола
Правниот факултет, претставуван од деканката проф. д-р Светлана Вељановска и Голд Слот Клуб, претставуван од раководителот на правниот сектор Томислав Дивјаковски, денес во просториите на Правниот факултет во Битола потпишаа меморандум за соработка.
ЕВРОТИП – СПОРТСКИ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ
Факултет за информациски и комуникациски технологии во Битола
Техничкиот директор на Евротип, г-дин Александар Анастасовски, и деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, проф. д-р Благој Ристевски, официјално потпишаа Меморандум за соработка.
I.
Услови за доделување стипендија
- Да се редовни студенти
- Да не повторувале година во текот на студирањето
II.
Критериуми за доделување на стипендиите
- Постигнат успех од минимум 7.5 од претходните студиски години .
- За студенти кои се запишани во прва година, се зема успехот постигнат во текот на средното образование (минимум мн. добар)
- Студенти кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ
- Доколку има повеќе пријавени кандидати предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите
II.
Критериуми за доделување на стипендиите
- Постигнат успех од минимум 7.5 од претходните студиски години .
- За студенти кои се запишани во прва година, се зема успехот постигнат во текот на средното образование (минимум мн. добар)
- Студенти кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ
- Доколку има повеќе пријавени кандидати предност имаат кандидатите запишани во повисока година од студиите
III.
Потребна документација
- Мотивационо писмо
- Кратка биографија (CV)
IV.
Висина на стипендиите
- За студенти запишани во прва година стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари
- За студенти запишани во втора година со просечен успех од 7.5 до 7.99 стипендијата ќе изнесува 5.000,00 денари
- За студенти запишани во трета година со просечен успех од 7.5 до 7.99 стипендијата ќе изнесува 6.000,00 денари
- За студенти запишани во четврта година со просечен успех од 7.5 до 7.99 стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари
- Стипендистот има можност за зголемување на горенаведениот предвиден основен износ на стипендија и тоа:
- Доколку неговиот просечен успех изнесува од 8.0 до 8.49 истиот има право на плус 1.000,00 денари (во зависност од студиската година)
- Доколку неговиот просечен успех изнесува над 8.5 истиот има право на плус 2.000,00 денари (во зависност од студиската година)
- Погоре наведените износи ќе се исплаќаат на месечно ниво во интервал од десет месеци, додека за периодот кога кандидатот ќе посетува практична обука кај давателот на стипендијата (два месеци) ќе иснесува на месечно ниво по 10.500,00 денари.
IV.
Висина на стипендиите
- Висината на стипендијата изнесува 3000,00 денари за десет месеци во текот на учебната година, и за два месеци во кои ќе посетуваат пракса кај давателот на стипендијата добиваат износ од 6500,00 денари за тие два месеци
VII.
Начин на пријавување
- CV и мотивационо писмо да се достават на stipendii@klubsport77.mk или во Архивата на факултетот со назнака – За конкурс за доделување на стипендии во КС Групацијата.