Голд Фелициа инвестира во иднината преку образованието!

Голд Фелициа, истакнато име во угостителската дејност, со задоволство објавува значајна соработка со СOУ “Таки Даскало” од Битола – угостителско-туристичка насока. Меморандумот за соработка потпишан од страна на директорот на СOУ “Таки Даскало” Ристо Грујовски и генералниот менаџер на Голд Фелициа Димитар Андоновски ја нагласува посветеноста на Голд Фелициа на општествената одговорност и нејзината непоколеблива поддршка за образованието преку обезбедување стипендии, можност за феријална пракса и учење преку работа.

Меморандумот за соработка потпишан од страна на директорот на СOУ “Таки Даскало” Ристо Грујовски и генералниот менаџер на Голд Фелициа Димитар Андоновски
Партнерството помеѓу Голд Фелициа и ДOУ “Таки Даскало” е пример за заедничка посветеност за негување таленти и придонесува за развојот на идните лидери во угостителскиот сектор.
Една од клучните компоненти на оваа соработка е обезбедувањето стипендии за заслужни ученици. Овие стипендии не само што ќе го олеснат финансискиот товар на учениците, туку и ќе ги отворат вратите кон нови можности. Меморандумот за соработка ќе вклучува и програма „Учење преку работа“, каде што учениците ќе имаат можност да ја обавуваат својата феријална пракса во рамките на Голд Фелициа како дел од нивното образование. Овој уникатен пристап го спојува учењето во училница со обуката на работното место, создавајќи професионалци подготвени да се истакнат во конкурентниот свет на угостителството.
Во средина каде што корпоративната општествена одговорност добива на значење, стратешката одлука на Голд Фелициа да се фокусира на поддршка на образованието е влијателна и инспиративна. Преку партнерства со образовни институции и иницијативи кои оставаат траен белег, компанијата дава пример кој ги поттикнува другите да го прифатат и практикуваат одговорното корпоративно работење.